Полноќен експрес: Шампионот и „џезерите“ ќе приредат спектакл

8375 Милвоки Бакс – Јута Џез (00:00 часот)

Точно на полноќ се игра можеби и највозбудливиот меч од вечерашната програма на НБА, каде што актуелниот првак ќе ги пречека „џезерите“.

И двете екипи изминативе сезони секогаш играат на поен плус, а предводени од одличниот Јанис Адетокумбо, Милвоики дојде до и до титулата.

Од друга страна, како што пишувавме од претходно, Јута ја краси одлична и атрактивна игра, а во својот ростер има и голем број на одлични шутери.

Предлог тип: + поени, 223.5 (1.91)

 

8001 Далас Маверикс – Сакраменто Кингс (20:30 часот)

Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис никако не можат да ја пронајдат добитната комбинација на почетокот на сезоната, а тоа најдобро се одразува преку резултатите на Далас, кој игра топло-ладно.

Нешто слично е и со гостинскиот тим, каде што за оваа натпреварувачка година, речиси и да немаат некакви резултатски очекувања.

Домашниот терен би требало да претставува голема предност за Далас, кој ќе атакува на четврттата победа сезонава.

Предлог тип: 1 со хекдикеп, -4.5 (1.92)

 

8377 ЛА Лејкерс – Хјустон Рокетс (03:30 часот)

По лошиот почеток на сезоната, Лејкерси успеаја да се консолидираат и на последните четири натпревари имаат три победи, а на такво неѓто ќе играат и вечерва, каде што за опонент ќе го имаат Хјустон.

Леброн Џејмс летово успеа да привлече уште неколку квалитетни кошаркари, со кои што Лејклерси станаа еден од најсериозните кандидати за титулата, но, до тоа, патот ќе биде тежок

Сепак, рано утринава по Средноевропско време се очекува лесен триумф, против опонент кој има далеку послаб ростер од домаќините.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -12.5 (1.91)

 

8429 Демијан Лилард (Шарлот Хорнетс – Портланд Трејлблејзерс, 01:00 часот)

Лилард важи за еден од најдобрите кошаркари во НБА, летово неговиот тим претрпе неколку промени во играчкиот кадар.

Заминувањето на Кармело Ентони во Лејкерс дефинитивно значеше ослабување на ростерот, но, доведени се неколку квалитетни играчи, со кои што Портланд ќе се обиде да обезбеди плеј-оф.

Но, јасно е дека главниот збор во тимот повторно ќе го има Лилард, од кого и вечерва се очекува да „експлодира“.

Предлог тип: + поени, 27.5 (1.87)

 

8435 Џејмс Харден (Бруклин Нетс – Детроит Пистонс, 01:30 часот)

„Брадата“ дефинитивно остана еден од најпогодените играчи со промена на правилото за фаул од обид за три поени, а тоа се одрази и на неговиот број на поени.

Но, несомнено е дека станува за играч од светска класа, кој ако ја има својата вечер, тогаш лошо му се пишува на противникот. Заедно со Кевин Дјурент имаат задача да го предводат Бруклин кон титулата во НБА, а како што пишавме и погоре за Лејкерси, тоа воопшто нема да биде лесно.

Предлог тип: + поени, 22.5 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести