Прекрасен гол на Караско, Атлетико Мадрид немаше проблеми против Бетис (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид со убедливи 3:0 го победи Бетис во 11. коло од шпанската Ла Лига.

Момците на Диего Симеоне, успеаја да се издигнат од ремито со Леванте, и пред своите навивачи приредија шоу, а за тоа се погрижи Јаник Караско.

Се играше 26. минута, кога Белгијанецот доби топка од Кореа, по која направи мал слалом, а потоа упати силен удар од страна.

Во второто полувреме, Пецела си постигна автогол, a конечниот резултат го постави Жоао Феликс во 80. минута.

Со оваа победа, Атлетико сега има 22 бода, односно два помалку од триото лидери, Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедад.

 

- Оглас -

Најнови вести