Меси сè го боли, Покетино не сака да ризикува за мечот со Лајпциг

Лионел Меси има проблеми со бутниот мускул, но мора да внимава и на коленото, повреди што ги влече подолг период од настапите за Аргентина на Копа Америка и во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, и неговиот настап е неизвесен за мечот со Лајпциг во Лигата на шампионите.

Пари Сен Жермен задутре, во меч од четвртото коло во А групата ќе му гостува на германскиот тим, а од клубот се надеваат дека Меси ќе биде на терен од првата минута.

Медицинскиот тим на ПСЖ објави дека Меси има проблем со бутниот мускул, но и со коленото, на кое треба особено да внимава.

Тоа е аларм за одмор за Аргентинецот и Маурисио Покетино нема да ризикува, иако сите во клубот очекуваат Меси да игра против Лајпциг.

Покетино го извади сонародникот од игра против Лил веднаш на стартот од второто полувреме, а потоа објаснуваше дека тоа не го сторил поради лошиот настап на Меси, туку од превентивни причини.

ПСЖ го победи Лил со 2:1 на меч на кој не играше Килијан Мбапе, но тој ќе биде подготвен за настап во среда, од 21 часот, против Лајпциг.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести