Селекторот го стави и Димитријевиќ на листата за дуелите со Шпанија и Украина од квалификациите за СП

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство 2023 година. До првиот натпревар од квалификациите, кога ja пречекуваме Шпанија, која е актуелен светски првак, има уште 25 дена, па селекторот се определи за поширок список од 18-мина кошаркари.

На листата се најде и Ненад Димитријевиќ, кој е повреден и нема да може да игра. Првиот собир е предвиден за 20 ноември.

На листата на Бајиќ се најдоа следниве кошаркари:

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Стојан Ѓуроски (Пелистер)

Љубомир Младеновски (Пелистер)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (ТФТ)

Кирил Николовски (Кожув)

Лејсон Зекири (Приштина-Косово)

Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)

- Оглас -

Најнови вести