Златан: Да не бев јас, ПСЖ немаше да биде тоа што е денеска!

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан, изјави дека не знае дали ќе остане кај Росонерите по истекот на договорот, кој му е до крајот на сезонава, а говореше и за неговиот некогашен клуб ПСЖ.

„Не сум сигурен дали ќе останам во Милан и следната сезона, ќе видиме. Сакам да продолжам да играм додека можам. Верувам дека можеме да освоиме титула, колку повеќе веруваш, толку се поголеми шансите тоа да се оствари. Без верба и напорна работа, не можеш да ги постигнеш целите“, рече Ибра во делот од интервјуто посветен на Милан.

Ибрахимовиќ играше за Пари Сен Жермен од 2012 до 2016 година.

„Јас бев еден од првите коишто пристигнаа во ПСЖ откако клубот ги смени сопствениците и видов дека промените се случија само за 48 часа. Горд сум што бев таму од почетокот, без мене ПСЖ немаше да биде тоа што е во моментов. Не отидов во Париз за пари или поради градот, туку да сменам сè“, вели Златан.

- Оглас -

Најнови вести