Во Европа повторно „газди“ се Шпанците, па следуваат Англија и Германија

Со комплетирањето на групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, познати се сите учесници во нокаут-системот. Како по обичај, најмногу екипи доаѓаат од Шпанија. Дури седум клубови од Примера продолжуваат во европската фудбалска пролет. Три се во Лигата на шампиони (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико М.), а четири ќе продолжат во Лигата на Европа (Валенсија, Севилја, Вилјареал, Бетис).

Од Премиер лигата, во борба за трофеите во двете европски натпреварувања продолжуваат Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем во Лигата на шампионите и Арсенал и Челзи во Лигата на Европа. Германците во ЛШ ќе ги претставуваат Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Шалке, додека во Лигата на Европа остануваат Баер Леверкузен и Ајнтрахт. Од Серија А, во Лигата на шампиони се Јувентус и Рома, а во Лигата на Европа ќе продолжат Наполи, Интер и Лацио.

Од посилните лиги, Франција во ЛШ ќе ја претставуваат ПСЖ и Лион, додека во ЛЕ е Рен. Три клуба има и од Португалија, и тоа Порто во елитната лига на УЕФА, а Бенфика и Спортинг во ЛЕ. Тим во Лигата на шампионите ќе има и Холандија, и тоа Ајакс.

Во Лигата на Европа ќе има екипи и од Австрија (Салцбург, Рапид), Русија (Зенит и Краснодар), Чешка (Викторија П„лзењ, Славија Прага), Турција (Фенербахче, Галатасарај), Белгија (Бриж и Генк), Украина (Шахтар и Динамо Киев), Швајцарија (Цирих), Шкотска (Селтик), Хрватска (Динамо Загреб), Грција (Олимпијакос), Шведска (Малме) и Белорусија (БАТЕ Борисов).

 

 

- Оглас -

Најнови вести