Бенфика ја чека лоша судбина во Минхен

6001 Малме – Челзи (18.45 часот)

Актуелниот европски првак ако сака да го освои првото место во групата во која Јувентус им бега три бода, мора да го совлада Малме. Шведскиот првак во првите три кола не само што не освои бод, туку нема ни дадено гол, а прими 11. Пред две недели во Лондон, Челзи го победи Малме со 4-0. Нападот на англискиот тим е ослабен со отсуствата на Лукаку и Вернер, ќе ги нема и Пулишиќ и Ковачиќ, но, секако, гостите се големи фаворити.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.72)

 

6003 Аталанта – Манчестер јунајтед (21.00 часот)

Тимот од Бергамо на гостувањето во Манчестер водеше со 2-0, но на крајот загуби, па Црвените ѓаволи се први со два бода плус во однос на променливата Аталанта. Италијанскиот тим не може да смета на Џимшити, Госенс, Хатебур и Песина, па за нив и реми би било поволен исход. Аталанта на последните шест меча во сите натпреварувања и даваше и примаше гол.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.66)

 

6004 Баерн Минхен – Бенфика (21.00 часот)

Баварците се најдоминантен тим во ЛШ по првите три кола бидејќи има гол-разлика 12-0, со која се најдобри меѓу оние клубови со максимални 9 бода. Баерн на 20 октомври во Лисабон ја среди Бенфика со 4-0, со четири гола во последните 20 минути. На свој терен, Баерн нема толку долго да чека за да почне да дава голови. Орлите низ историјата на меѓусебните дуели ги загубиле сите гостувања во Минхен и овојпат ги чека иста судбина.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.48)

 

6005 Динамо Киев – Барселона (21.00 часот)

Барселона е пред императив да победи и со мала помош од Баерн, ќе избие на второто место во групата. Каталонците во првите три кола постигнаа само еден гол, и тоа против Динамо, за победа од 1-0. Голот го даде Пике, кој вечерва нема да биде во составот. Украинскиот тим одигра слабо на „Камп ноу“, има многу мотиви да се покаже во подобро светло. Барса уште од мај нема победа на гости, а Динамо дома последниот пораз го имаше во март, и тоа од шпанска екипа, од Вилјареал.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

6006 Јувентус – Зенит (21.00 часот)

Јуве е во катастрофална форма во домашната лига, но во ЛШ засега е максимален со 9 бода и три чисти победи без примен гол. Старата дама победи во Санкт Петербург со 1-0, а и сега Бјанконерите се фаворити. Зенит е тим кој уште од август не одиграл нерешено. Традицијата најавува неефикасен меч, сите три меѓусебни дуели на овие тимови завршувале со 0-1 гол.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.55)

- Оглас -

Најнови вести