Стефан Додиќ од наредната сезона ќе биде нов ракометар на полскиот великан Кјелце.
Српскиот ракометар потпиша четиригодишен договор со еден од најдобрите ракометни колективи во Европа, откако сезонава ќе ја заврши како член на суперлигашот Охрид.
Веста за реализацијата на овој трансфер ја потврди претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.
Додиќ своевремено патуваше секој ден од Врање до Скопје, и тоа на 13-годишна возраст, само за да тренира и да игра во екипата на Металург.
Со трансферот во Кјелце, некогашниот член на тимот од Автокоманда покажа дека со напорна работа и уште поголема љубов кон спортот, ништо не е невозможно.