Трите натпревари кои доаѓаат од понудата Квоти на денот од Sport Life носат вкупен коефициент од 14.70, а акцентот е ставен на домашните тимови.
За Милан да постигне најмалку два гола, а притоа и Порто еднаш да ја затресе мрежата на опонентот, квотата изнесува 2.90.
На средбата Борусија Дортмунд – Ајакс се бара домаќинот да го даде првиот гол на средбата, а во конечниот збир да видиме најмалку три од двата тима, а за такво нешто има понудено коефициент од 2.50.
Најмалата квота од овие средби ја има на Ливерпул – Атлетико Мадрид и таа изнесува 2.20, а потребна е победа на Ливерпул, каде што ќе видиме вкупно од два до пет голови.