Обрадовиќ збесна поради еден фломастер (Видео)

Партизан во драматичен меч славеше над Хувентуд со 68:67 во меч од третото коло на Еврокупот. Со оваа победа Црно-белите останаа на врвот на табелата со максимални шест бода, додека Хувентуд го претрпе првиот пораз. Ова беше меч на клубовите со кои Жељко Обрадовиќ ги освои првите две европски титули.

Во 1992 година како предводник на Партизан, во финалето токму против Хувентуд победи со 71:70, а откако во 1993 година седна на клупата на шпанскиот тим, истата сезона го донесе европскиот трофеј и во Хувентуд.

Синоќа во Белград овие два тима одиграа драматичен меч, а повторно во центарот на вниманието беше популарниот Жоц. За време на еден тајмаут, Обрадовиќ побара од својот помошник да му ја даде таблата за цртање и фломастер. Таблата веднаш ја доби, но фломастерот остана заглавен во џебот на помошникот.

Обрадовиќ нервозно чекаше да добие фломастер за да може да го искористи тајмаутот, а во нервоза дури и опцу. На крајот друг член од стручниот штаб му подаде фломастер на тренерот на Партизан.

https://twitter.com/i/status/1455801977439494144

 

- Оглас -

Најнови вести