Десаи му фати сеир на Тотенхем со стрип муабет меѓу Мурињо и Конте: Плаќаат и кога доаѓаш и кога си одиш, а не мора воопшто да победуваш (Фото)

Марсел Десаи си фати сеир на сметка на Тотенхем и на интересен начин покажа што мисли за ангажманот на Антонио Конте како нов тренер на Спарс.

Поранешниот француски репрезентативец и капитен на Челзи со стрип муабет што сам го смисли ги има во фокусот Жозе Мурињо и Антонио Конте, двајца поранешни тренери на Челзи, кои биле или се и тренери на Тотенхем.

Десаи го искористи Мурињо, кој по 17 месеци на кормилото на Тотенхем си замина и доби отштета од 10 милиони фунти, како што го советува Конте, кој е нов тренер на Спарс.

„Тотенхем те плаќа кога ќе дојдеш и кога ќе си заминеш, а не мораш дури ни да победуваш. Супер е“, е сеирот на Десаи за Тотенхем преку двата познати фудбалски лика, Мурињо и Конте.

Конте веќе е именуван за нов тренер на Тотенхем, а се очекува да дебитира вечерва од 21 часот, на дуелот со Витесе во Конференциската лига на УЕФА.

Италијанецот дојде на местото на Нуну Еспирито Санто, кој доби отказ од Тотенхем по поразот од Манчестер јунајтед со 0:3, што беше само еден од низата неуспеси на Спарс во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести