Спортска прогноза со интересно коло, има и фаворити и многу дерби натпревари

Дванаесеттото коло на Спортска прогноза е во тек и е многу интересно, особено по возбудливата завршница во минатата рунда, кога за влакно не беше доделен „ајфон12“.

Имаше еден натпреварувач со 12 погодени натпревари и дури 16 со по 11 погодоци, што е потврда дека и Тринаесетката не е недостижна. Сите добија награди, ваучер од 1.000 денари за погодената 12-ка и ваучери од по 500 денари за прогнозерите со две утки во претходното коло.

Сега веќе е во тек новата рунда, и тоа многу интересна од повеќе причини. Има и големи фаворити, но и дерби-дуели на новата Тринаесетка, а патем се покажа и дека не е никаков баук да се атакува на прекрасниот мобилен телефон што во бесплатната игра го доделуваат Sport Life и Спорт Манија.

Со ваши прогнози можете да се приклучите до сабота, до 13.30 часот, кога ќе почне големото дерби на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, а ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Истиот ден од 18.30 часот ќе играат и Лајпциг и Борусија Дортмунд, две екипи што се обидуваат да му парираат на Баерн Минхен во Германија.

Во недела, во фокусот ќе биде миланското дерби, или „Дела Мадонина“, меѓу Милан и Интер од 20.45 часот. За крај, како шлаг на торта, ќе дојде големото шпанско дерби, и тоа градско меѓу Бетис и Севилја на „Бенито Вилјамарин“ во недела од 21 часот.

Предизвикот е голем, играта е бесплатна и забавна, а наградите одлични, па можете да се вклучите само со еден услов, да имате СЛ картичка од Sport Life. И тоа не е проблем бидејќи картичката е бесплатна и брзо може да ја добиете на сите уплатни места на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести