Наполи и Елиф го „преживеаја“ пеколот во Варшава и броеа до четири (ВИДЕО)

Екипата на Наполи со 4:1 победи на гостувањето кај Легија Варшава во рамките на четвртото коло од групата „Ц“ во Лигата на Европа.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, беше во стартната постава, а теренот го напушти во 65-тата минута.

Домаќините најпрвин поведоа во првото полувреме со голот на Махир Емрели во 31-вата минута, но тоа не ги спречи фаворитите на оваа средба да блеснат во вториот дел.

Најпрвин Пјотр Зјелински (51′) беше сигурен реализатор од пенал, а исто така со удар од белата точка беше прецизен и Дрис Мертенс во во 75-тата минута.

Само неколку моменти подоцна, конечните 3:1 ги постави Ирвинг Лозано, со што стави печат на победата и му осигури важни три бода на Наполи.

До крајот на средбата, Адам Оумас исто така се запиша во листата на стрелците.

Италијанскиот претставник сега стигна до бројката од седум бода, симнувајќи ја токму Легија од првото место, која остана на шест.

Зад нив се Лестер и Спартак Москва со четири, односно три бода, но тие треба да одиграат меѓусебен натпревар од 21:00 часот.

Нашиот најдобар судија, пак, Александар Ставрев имаше тешка задача на мечот меѓу Генк и Вест хем, кој заврши со 2:2. Македонскиот арбитер додели пет шест жолти картони со цел да ги смири актерите на овој меч.

 

 

РЕЗУЛТАТИ ЛИГА НА ЕВРОПА

Брондби – Глазгов ренџерс 1:1

Галатасарај – Локомотив Москва 1:1

Генк – Вест Хем 2:2

Легија – Наполи 1:4

Лион – Спарта Прага 3:0

Монако – ПСВ 0:0

Олимпијакос – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Реал Сосиедад – Штурм Грац 2:1

 

 

- Оглас -

Најнови вести