Возбудувањата во Лигата на Европа и Конференциската лига беа вистински предизвик за еден обложувач во Sport Life кој својот тикет го уплатил во Чаир. На тикетот на којшто има дури 11 натпревари, само со 70 вложени денари, добивката изнесува 104.571 денари.
На тикетот има 10 меча од европските натпреварувања, плус дуелот од втората шпанска лига меѓу Жирона и Алкаркон (3:1). Комбинацијата двата тима да дадат барем по еден гол се покажа како вистинска и за дуелите: Галатасарај – Локомотив Москва 1:1, Генк – Вест хем 2:2, Реал Сосиедад – Штурм 1:1, Гент – Партизан 1:1, Лестер – Спартак Москва 1:1, Тотенхем – Витесе 3:2 и Динамо Загреб – Рапид 3:1. Тоа што е поинтересно е дека на ниту еден од овие мечеви немаше посебна драма и рано беа постигнати потребните голови.
Лион лесно со 3:0 ја победи Спарта Прага за добитна комбинација 1&2-5 гола, како и пресвртот на Наполи на гости кај Легија и победата на калчолигашот од 4:1, точно за да биде добитно 2&2-5 гола. Едноставно, среќата и одличните комбинации му се посреќија на обложувачот кој уплати во Чаир.