Почнаа да течат последните 24 часа за типување во колото на Спортска прогноза со три градски дербија

Трите градски дербија во Манчестер, Милано и Севилја го привлекуваат вниманието и ги поделија прогнозерите во 12-тото коло на Спортска прогноза. Во минатото коло за малку не беше доделена премијата „ајфон12“, која се доделува за 13 погодоци, можеби овој викенд ќе биде среќен.

Тринаесетката не е недостижна, но се наградуваат и 12-ка со ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11 погодоци и две утки се добива ваучер од 500 денари.

За новата рунда типувањето трае до сабота во 13.30 часот, кога ќе почне големото дерби на Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити. Повеќе од половината прогнозери кои досега се изјасниле веруваат во победа на гостите на „Олд Трафорд“. Доверба во Црвените ѓаволи имаат двојно помалку прогнозери. В сабота има дерби, но не градско, и во Германија, а и таму повеќе играчи типувале за победа на Борусија Дортмунд, која му гостува на Лајпциг.

Во недела, во фокусот ќе биде миланското дерби помеѓу Милан и Интер. Тука ремито е најпрогнозиран исход, исто како и за дуелот на Бетис и Севилја, но тука многу повеќе се за двојка отколку во Милано, каде што Интер е гостин на хартија.

Играта е бесплатна и забавна, а наградите одлични, па можете да се вклучите само со еден услов, да имате СЛ картичка од Sport Life. И тоа не е проблем бидејќи картичката е бесплатна и брзо може да ја добиете на сите уплатни места на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести