Ванда Нара и Мауро Икарди изминативе недели ги полнеа таблоидите.
Причината е добро позната а таа е преварата која што ја направил фудбалерот со Чина Суарез, и иако беа пред развод, потоа се смирија, за сега повторно да се „разгорат“ вестите околу нивната разделба.
Мауро ја призна грешката, но, очигледно е дека не била само таа, а може и да се разбере зошто ја моли Ванда, ако се знае дека доколку дојде до развод, тогаш тој ќе треба да и плати неваројатни 70 милиони евра, или практично се што има заработено до сега.
Како што е познато, таа е и негов агент, а очигледно добро стои со документацијата која што сама ја води, па и логично е што одлучила да се заштити во вакви случаеви.