Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни со 12 милиони евра поради кршење на финансискиот фер плеј. Италијанскиот тим во изминатиов период имал недозволени финансиски тргувања, па УЕФА реши да донесе суспензија за „росонерите“, но подоцна таа беше укината.
Сепак, УЕФА не простува, па Милан доби драстична парична казна. Покрај сумата од 12 милиони евра, клубот од „Сан Сиро“ има рок до 2021 година да ја среди финансиската конструкција, а доколку тоа не се случи, ќе добие едногодишна суспензија во европските купови.
Милан синоќа загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 3-1 и на тој начин беше елиминиран од Лигата на Европа, а сега неполни 24 часа по тој неуспех, стигна уште една лоша вест од централата на европскиот фудбал.