Дербито на Милано ќе изобилува со погодоци

3010 Милан – Интер (Серија А Италија, 20:45 часот)

Ова ќе биде едно од највозбудливите милански дербиња во последната декада.

Милан има неверојатен старт на сезоната и реди само победи, додека Интер полека но сигурно влегува во шампионската форма.

Златан Ибрахимовиќ и Един Џеко се подготвени за нов рафал кон голманите, но, домашниот тим ќе има и неколку отсуства што може многу да значат.

Тео Ернандез нема да настапи поради црвениот картон со Рома, а ќе отсуствува и голманот Мајк Маингнан поради повреда.

Предлог тип: ГГ & 4+ (2.90)

 

1008 Арсенал – Ватфорд (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Арсенал игра во навистина одлична форма во последно време, а круна на сето тоа ќе биде и денешната победа над Ватфорд.

Со нови три бода, топчиите ќе дојдат до бројката од 20 бодови во Премиер лигата и ќе се „лансираат“ во топ 4 екипите, што е мнпогу значајно за нив по катастрофалниот почеток.

Сепак, и гостите доаѓаат со свои пресметки имајќи две победи на последните пет гостински средби сезонава.

Од друга страна, Арсенал на домашен терен не знае за пораз веќе седум натпревари по ред, а има само еден нерешен резултат во тој период.

И историјатот на средби е во корист на домаќинот кој победил на последните четири и тоа со прилично убедливи разлики.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.92)

 

1306 Вилјареал – Хетафе (Ла Лига Шпанија, 14:00 часот)

Иако игра одлично сезонава во Лигата на шампионите, сепак, Вилјареал е потполно различен тим во првенството.

Но, во голема мера избраниците на Унаи Емери немаа среќа со повредите, а сето тоа се одрази и на резултатите.

Само 12 освоени бода по 11 одиграни натпревари е премалку за освојувачот на Лигата на Европа, кој ќе се обиде да обезбеди сигурна победа против еден од најслабите тимови во Ла Лига.

Предлог тип: 1-1 (2.40)

 

1710 Рен – Лион (Лига 1 Франција, 20:45 часот)

Екипите од Франција оваа сезона не изненадија со голем број на погодоци, нешто што е нетипично за нив.

Но, за Лион тоа не е ништо ново кој редовно сезонава игра со пресврти, па затоа и вечерва ќе очекуваме голеада против Рен.

Одбраните на двете екипи не се најсилно оружје, и играта од четири и повеќе голови со квота од 2.45 изгледа навистина привлечна.

Предлог тип: 4+ (2.45)

 

1009 Евертон – Тотенхем (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Тотенхем се „поднови“ со нов тренер, а Антонио Конте ќе има тешка задача на тимот од Вајт Харт Лејн да му донесе толку очекуван трофеј.

Во четвртокот овој тим имаше победничко деби под водство на италијанскиот стратег, но, квалитетот на Евертон е на многу повисоко ниво од тоа на Витесе.

И Рафа Бенитез има свои планови за тоа како да се победи ривалот а предноста ќе биде голема со оглед на тоа дека играат на домашен терен, а од другата страна Хари Кејн сè уште ги нема наместено нишанските способности.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.23)

 

- Оглас -

Најнови вести