Салах со гол против Вест Хем ќе урне премиерлигашки рекорд на Анри

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, доколку вечер против Вест Хем постигне гол, ќе постави премиерлигашки рекорд, кој во моментов го дели со Тјери Анри.

Египќанецот може да стане единствен играч во историјата на Премиерлигата кој постигнал гол на првите шест гостувања во сезоната. Салах даваше гол на сите досегашни пет гостувања, истото го има направено и Анри во 2001/2002.

Мотивацијата на Салах да постави рекорд ќе биде голема, а квотата во Sport Life дека Салах ќе постигне гол во Лондон е 1.80.

- Оглас -

Најнови вести