Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, не е задоволен од игрите и резултатите на неговиот омилен фудбалски клуб Манчестер јунајтед, па после поразот во градското дерби против Сити, јавно испрати закана до Црвените ѓаволи.
„Апсолутно беа исчистени од теренот. Не почитуваат, ми се чини дека не копаа доволно длабоко за да победат. Јас и кога паднав на под во борбата со Вајлдер, верував дека можам да се вратам и да победам, не се предадов. Тоа се вика победнички менталитет, а вие момци немате срца. Ќе ви дојдеме јас и Патрис Евра на тренинг да ви покажеме, подгответе се“ – вели Фјури, кој после зборовите да ги покажеме, стави емотикон од боксерски ракавици, со што најави дека сака да ги нокаутира.