По ремито од 1-1 во „Дерби дела Мадонина“ во Милано, во Интер не се задоволни од бодот, а и во Милан не се пресреќни, но сепак се задоволни.
„Сакавме да победиме, покажавме посветеност, но беше тешко. Имавме проблеми во првото полувреме. Чашата ја гледам како наполнета до половина. Погледнете ја просечната старост на почетните состави, ќе видите дека ни треба време за да собереме искуство и да ја зголемиме самодовербата. Двата тима имаа шанса да победат. Во топ 5 лигите во Европа, само ние и Наполи немаме пораз сезонава, тоа доволно говори за нашите резултати“, изјави тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли.
Интер остана на седум бода зад Милан. Милан Шкринијар рече дека доминирале и испуштиле два бода. Нераѕурите жалат за промашениот пенал на Лаутаро Мартинес и несреќно примениот автогол кога топката случајно се одби од Де Вреј по слободниот удар на Тонали и влезе во голот на Хандановиќ.