Покетино се чуди: Како може селекторот на Аргентина да го повика Меси кога тој е повреден

Лео Меси мака мачи со повредите во последно време.

Членот на ПСЖ никако да влезе во преопзнатливиот ритам и во моментов повторно е повреден. Но тоа не му пречи на селекторот Лионел Скалони, кој го стави на списокот на репрезентативци за претстојните квалификации за СП.

Од друга страна, пак, Маурицио Покетино се чуди како може Меси да биде повикан за Аргентина кога тој е повреден.

„Не сме согласни да го пуштиме Меси да игра за репрезентацијата бидејќи тој е во процес на заздравување од повреда и мислам дека треба ФИФА да реагира.

Скалони го повика и тој мора да оди повреден на репрезентативната активност, а тоа може дополнително да ја искомплицира повредата“, изјави Покетино.

Меси се повреди на натпреварот против Лил и ги пропушти последните два натпревари против Бордо и Лајпциг, а за репрезентацијата на Аргентина ќе треба да игра против Уругвај и Бразил.

- Оглас -

Најнови вести