Чави: Барселона е најдобриот клуб во светот и мора да оди само на победи

Чави Ернандез се врати во Барселона по пауза од неколку години.

Легендарниот играч од средината на теренот овојпат ќе ја има улогата на тренер, а денеска тој имаше своја официјална промоција.

На „Камп ноу“ имаше повеќе од 20 илјади навивачи, што претставува една од најголемите посети при потпишување на договор со еден тренер.

Чави на презентацијата кратко изјави „Барселона е најголемиот клуб во светот и не смее да игра на нерешено или пораз, туку секогаш треба да оди на победа.

Ова е емоционален момент за мене бидејќи се враќам дома. Знам дека Барселона е во тешка финансиска и играчка ситуација, но, ве уверувам дека ќе се издигнеме над проблемите“.

Договорот е потпишан со времетраење од две ипол години, а специјален гостин на претставувањето на новиот тренер беше Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести