Андриј Шевченко денеска и официјално беше промовиран за тренер на Џенова.
Некогашниот легендарен голгетер ќе биде предводник на Горан Пандев, кој ја игра последната своја сезона како активен фудбалер.
Медиумите од Чизмата тврдат дека на неколкуте тренинзи коишто Шева ги одработи со тимот, пробувал формација со четворица, односно тројца фудбалери во одбраната, а токму Пандев, заедно со Доменико Кришито се играчите со најдолг стаж во тимот.
Затоа и ќе бидат „сенатори“, односно ќе му помагаат на Андриј и неговиот тренерски тим во одлуките коишто ќе се носат и што ќе бидат најдобри за тимот.
Украинецот го чека пеколно тешка работа бидејќи тимот е на седумнаесеттото место во Серија А само со девет освоени бодови.
https://twitter.com/RenanTanandone/status/1458417878949142532