Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул, втора година по ред е прогласен за најдобар африкански фудбалер во изборот на британската телевизија „Би-Би-Си“. Кандидати за признанието беа уште Мароканецот Меди Бенатија од Јувентус, Сенегалецот Калиду Кулибали од Наполи, Ганецот Томас Парти од Атлетико Мадрид, и Сенегалецот Садио Мане од Ливерпул.
Оваа награда почна да се доделува во 1992 година, а Салах е вториот по Нигериецот Џеј Џеј Окоча од 2003 и 2004, што двапати по ред бил избран за најдобар фудбалер од „црниот континент“. Во гласањето учествуваа експерти кои го следат африканскиот фудбал и околу 650.000 навивачи.
Салах беше прв стрелец во Премиерлигата, даде голови и на Светското првенство, па немаше дилеми дека тој ќе биде добитник.
„Убаво е чувството, би сакал и следната година да ја добијам оваа награда. Имав многу убави моменти во 2018 година, а би ги издвоил мечевите со Тотенхем и Рома. Среќен сум кога давам голови кои му носат победа на тимот и ги радуваат фановите.