И во Македонија има „рибари“, но да им покажеме дека грешат!

Новото 13-то коло од Спортската прогноза стартува утре, во 15:00 часот, со средбата Босна и Херцеговина – Финска.

Во победа на домашната селекција веруваат дури 84,5 проценти од играчите на популарната бесплатна игра во режија на Спорт Манија и Sport life.

Но, тоа што нас нè интересира, секако, е средбата меѓу Македонија и Исланд, а таму прогнозерите речиси и да немаат никакви дилеми.

Според нив, Македонија ќе го победи Исланд, а во тоа веруваат 91,39 отсто од обложувачите.

Дека ќе има нерешен исход, сметаат 6,39%, а дека ќе ни се повтори најцрното сценарио и дека ќе загубиме, играле 2,21% од играчите.

„Ловот“ на прекрасниот „ајфон 12“ е предизвикувачки бидејќи треба да се погодат сите натпревари од понудата на Спортска прогноза.

Доколку, пак, има едно промашување, се добива вачучер од 1.000, а со две утки ваучер од 500 денари.

Првопласираниот во генералниот пласман на крајот на сезоната добива Смарт ТВ со 48 инчен екран.

Оваа игра е бесплатна и единствено што треба да направите е да имате Sport Life картичка, која можете да ја нарачате, односно да ја добиете во некој од уплатните објекти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести