На Ферстапен дополнително му се зголемија шансите за титулата

Формула 1 шампионатот овој викенд ќе продолжи со трката за Големата награда на Бразил. Во трката за шампион останаа само двајца возачи, и тоа актуелниот бранител на тронот Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кој е моментален лидер во првенството.

Ферстапен има 19 бодови повеќе од Хамилтон, а според прогнозите, тој е и фаворит за победа во Бразил. Најавите се дека Хамилтон во Бразил ќе прави замена на моторот, односно ќе добие нов В6 мотор со внатрешно согорување. Овој потег на Мерцедес следува по проблемите што Британецот ги имаше на трката во Мексико.

Се очекува Хамилтон на спринт трката в сабота да вози со стариот мотор, но потоа да направи промена, што значи дека ќе има казна од пет места пред неделната трка. Доколку не се случи чудо и механичарите не го решат проблемот со актуелниот мотор на Хамилтон, шансите на Британецот за победа во Бразил дополнително се намалуваат, а со тоа се намалува и шансата Луис да го одбрани светскиот трон на крајот од шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести