Американскиот НФЛ-играч Хенри Ругс може да добие затворска казна од 50 години откако направи страшна сообраќајна несреќа со смртни последици, а тој возел под дејство на алкохол.
Трагедијата се случи точно пред една недела, кога на една од улиците во Лас Вегас, Ругс со својот „шевролет“ удрил директно во „тојота“ која ја управувала 23-годишната Тина Тинтор.
Полицијата објави детали околу несреќата која се случила во 3:40 часот наутро. Ругс возел дури со 251 километар на час, а во крвта имал 1,61 промили алкохол.
https://twitter.com/i/status/1456659318531629066
Со таа брзина, Ругс удрил директно во возилото кое доаѓало од спротивната насока. „Тојотата“ во којашто биле девојката и нејзините две кучиња веднаш по ударот се запалила и немало спас за нивно спасување.
НФЛ-ѕвездата поминала без поголеми повреди, а веднаш по настанот заврши во притвор. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки, Ругс може да остане во затвор дури 50 години.