Пелистер одигра една очајна четвртина и затоа загуби

Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од регионалната АБА 2 лига, откако попладнево загуби во дуелот со Војводина со 66:75.

Битолчани има за што да жалат затоа што само една лошо одиграна четвртина е причина за овој пораз. Војводина водеше во поголем дел од почетокот на дуелот, а по 10 минути резултатот беше 19:18 за тимот од Нови Сад.

Во втората четвртина Војводина поведе и со 29:22, но тогаш следуваше најдобриот период во играта на Пелистер. Со серија од 13:2, битолчани стигнаа до предност од 35:31, а на полувреме водеa со три разлика (39:36).

Третата четвртина беше кобна за Пелистер, кој по водството од 43:41, едноставно застана. Војводина со серија од 12:2 стигна до водство од 53:45 и потоа, до крајот на средбата српскиот тим не ја испушти предноста. Во последната четвртина Војводина влезе со предност од 11 разлика (59:48) и во решавачките 10 минути во ниту еден момент не дозволија предноста да падне под пет поени.

Од 18 часот, во АБА 2 лигата ќе игра МЗТ Скопје Аеродром против Осиек.

 

- Оглас -

Најнови вести