Фудбалската репрезентација на Србија, утревечер од 20:45 часот ќе игра против Португалија во одлучувачкиот меч од групата „А“ од квалификациите за СП во Катар.
И двете репрезентации имаат ист број на бодови, но, Португалците имаат подобра гол разлика, па затоа само победа одговара на „Орлите“.
Пред заминувањето за Лисабон, претседателот на нашиот северен сосед, Александар Вучиќ ги поздрави фудбалерите и стручниот штаб и најави дека владата на оваа земја успеа да обезбеди милион евра премија, докмолку победат на ова гостување.
Како што е добро познато, првиот од групата ќе обезбеди директна виза за во Катар, додека, второпласираниот ќе мора да оди по „трнливиот“ пат преку баражот.
View this post on Instagram