Марез не можеше да се „спаси“ од репрезентативците на Џибути (Видео)

Алжир без проблеми славеше со 4:0 на гости кај Џибути во меч од африканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Иако загубија убедливо, домашните фудбалери не беа многу разочарани, а по мечот имаа една „важна мисија“.

Фудбалерите на Џибути со мобилните телефони во рацете, трчаа да се фотографираат со првата ѕвезда на Алжир, Ријад Марез. Голгетерот на Манчестер сити играше само во второто полувреме против Џибути, а потоа мирно стоеше да им ја исполни желбата на домашните фудбалери кои сакаа да имаат селфи со ѕвездата на мечот.

https://twitter.com/i/status/1459521497307955200

 

- Оглас -

Најнови вести