6838 Шпанија – Шведска (20:45 ч.)
Дуел кој директно решава за пласман на СП. Шпанија е прва и има домашен терен, што значи дека доволно е Црвената фурија да не загуби. Шведска пред два месеци се радуваше дома со 2:1, но сега ќе биде многу тешко да стигне до трите бода.
Со Ибрахимовиќ во нападот, гостите сигурно ќе тргнат во напад да дадат гол, затоа што веќе нема што да бранат, па може да биде возбидлив дуел со погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.80)
6840 Луксембург – Ирска (20:45 ч.)
Луксембург ги игра најдобрите квалификации и целта е да заврши на третото место во групата, а тоа ќе биде завршено ако дома не загуби од Ирска. Пред осум месеци, Луксембург победи во Даблин, а со победата и над Азербејџан пред три дена, покажа дека оваа селекција игра солидно.
Ирците во текот на целите овие квалификации играат дуели со малку погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.04)
6835 Ерменија – Германија (18 ч.)
Германија против Ерменија има одиграно четири меча и вкупно има дадено дури 21 гол. Ако се знае дека Панцерите немаа милост против Лихтенштајн и дадоа девет гола, а Ерменците загубија со 5:0 дома од Македонија, јасно е каков ќе биде конечниот исход во Ереван.
Германија ќе победи лесно и убедливо.
Предлог тип: 2-2&4+ (2.40)
6833 Словенија – Кипар (15 ч.)
Дуел за престиж. Словенија со победа може да биде трета во групата, а Кипраните имаат цел да не бидат последни. Кипар дома победи, па Словенците сигурно ќе сакаат да се реваншираат.
Четири од последните пет меѓусебни дуели завршиле со 2-3 гола, па и сега може да биде некој резултат со оваа граница на погодоци.
Предлог тип: 2-3 гола (2.00)
5737 Гана – Јужна Африка (20 ч.)
Дуел кој директно треба да реши која селекција ќе продолжи во трката за Мундијалот. Јужна Африка е прва со 13 бода, а Гана има 10, што значи дека домаќините мора да бркаат победа. Ако се знае дека двете селекции играат многу цврсто, тука може и еден момент да го реши победникот, ако го има.
Предлог тип: 0-1 гол (2.45)