Пет дерби мечеви, а прогнозерите се убедени во пет „кеца“

Пет натпревари кои одлучуваат многу за пласман на Светското првенство се дел од денешната понуда на Спортска прогноза. Неверојатни 97,3 отсто од прогнозерите киксираа уште на стартот во ова коло кога Финска со 3:1 победи на гости кај Босна и Херцеговина и испаднаа од трката за мобилен телефон Ајфон 12.

Денеска се играат три дуели кои директно решаваат за три патника од Европа на Мундијалот во Катар. Дури 73 отсто веруваат дека Хрватска на „Пољуд“ во Сплит ќе ја победи Русија и Коцкестите ќе одат на планетарниот собир. Речиси идентичен е процентот и за победа на Португалија на свој терен против Србија, додека дури 90 отсто веруваат дека Шпанија ќе ја победи Шведска.

Гана дома да ја победи Јужна Африка сметаат речиси 80 отсто од прогнозерите, а сепак најголема доверба сите имаат во победа на Македонија против Исланд. За триумф на Македонија против Исланд се 94 отсто.

Доколку типувате дека на овие пет меча ќе победат домаќините, вкупниот коефициент ќе ви изнесува 11.13 .

6736 Хрватска – Русија            1   1.63

6837 Македонија – Исланд       1   1.61

5737 Гана – Јужна Африка       1   1.93

6841 Португалија – Србија       1   1.57

6838 Шпанија – Шведска          1   1.40

————————————————–

Вкупен коефициент               11.13

 

- Оглас -

Најнови вести