Гилермо Барос Скелото е разрешен од функцијата тренер на Бока јуниорс. Претседателот Даниел Анхелиси, му се заблагодари на Скелото, и рече дека најдобро за клубот било да се разделат со стручњакот. При објавувањето на веста, тие двајца седеа еден до друг.
„Сакам да му се заблагодарам на Гилермо што се бореше до крај. Донесовме одлука во 2019 година да почнеме со нов тренер. Поминаа неколку дена од поразот во Мадрид, а болката не се намалува. Не бевме подготвени да го загубиме финалето, пласманот во финалето во Аргентина не се прифаќа како успех. Им благодариме на навивачите, остануваме заедно во најголемиот клуб. Не сум разговарал со ниту еден кандидат за тренер, “ – изјави првиот човек на Бока.
Под водство на Скелото, Бока имаше 63 победи, 21 нерешени и 23 порази. Тој рече дека си оди во мир, и им се заблагодари на навивачите за незаборавното испраќање во Мадрид.