Македонија се радува, а Романија тагува.
Нашиот голем ривал за второто место во групата вчеравечер славеше против Лихтенштајн со 2:0, но не се радуваше на триумфот.
Сосема очекувано, тие го знаеа резултатот од Скопје, па затоа и немаше некаква еуфорија.
Денис Ман во осмата минута го отвори, а Никусур Банку стави печат на победата со фантастичен гол во самата завршница.
Тој со прекрасен удар од 20 метри испрати торпедо кон противничкиот голман, а топката влезе во мрежата откако претходно удри во пречката.
Дефинитивно ова е најубавиот тажен гол во фудбалот.