6735 Црна Гора – Турција (20:45 ч.)
Турција е во ситуација сама да си решава. Гостува во Подгорица кај Црна Гора и со победа сигурно ќе биде најмалку во баражот за Светско првенство, а доколку им се поклопат коцките, може да завршат и како први.
Гостите ќе играат без калкулации, а во овие квалификации во просек на нивните мечеви има повеќе од четири гола. Црногорците и со победа и со пораз нема да мрднат од четвртото место во групата, но и покрај тоа што немаат некој мотив за игра, не треба да се заборави дека само пред три дена им ги нарушија калкулациите на Холанѓаните и одиграа 2:2 во Подгорица.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
6701 Финска – Франција (20: 45 ч.)
Франција веќе е на СП, а Финците ќе имаат тешка задача затоа што ако не победат, ќе мора да го чекаат исходот од дуелот Босна и Херцеговина и Украина. Французите примија само три гола во цели квалификации, а Галските петли се радувале на седум од осумте нивни меча.
Реално Франција е многу посилна, па дури гостите да не играат со најсилен тим, не треба да загубат. Традицијата вели дека на шест од осумте среби на овие две селекции имало меѓу 2-3 гола.
Предлог тип: 2-3 гола (1.98)
6049 Боливија – Уругвај (21 ч.)
Боливија е претпоследна во квалификациите во Јужна Африка, додека Уругвај е во ситуација да мора да брка бодови на сите средби, затоа што моментно е надвор од Топ 5 на табелата, позиции кои водат место во Катар.
Уругвај има четири победи по ред против Боливија од кои две се на гости во Ла Паз, па ако сакаат да бидат во игра за пласман во Катар, мора да ги бркаат трите бода.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.72)
5765 Сирија – Иран (17 ч.)
Иран е пред пласман на СП 2022, додека Сирија е на дното на табелата без ниту една победа од пет меча. Пред два месеци Иран дома победи минимално со 1:0, а традицијата вели дека Сирија има дури шест порази и само две ремија во последните осум дуели со овој ривал.
Предлог тип: 2&0-3 (1.79)
6850 Холандија – Норвешка (20:45 ч.)
Холанѓаните не беа на Мундијалот во 2018 година и ќе биде вистински дебакл ако повторно не успеат. Лалињата пред три дена водеа со 2:0 против Црна Гора во Подгорица, но во последните пет минути примија два гола и пропуштија шанса да обезбедат место на СП 2022.
Сега имаат втора шанса, и тоа на свој терен против Норвешка. Домаќините доволно е да не загубат и ќе бидат први.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.73)