8347 Тампа беј лајтнинг – Њујорк ајландерс (НХЛ, 01 часот)
Шампионите имаат скромен старт и се на седмото место во Источната конференција, но сè уште е рано за прогнози по 13 кола за тоа колку хокеарите на Тампа беј се кадарни да стигнат до хет-трик, откако беа прваци двапати по ред.
Проблем им е повредата на Никита Кучеров, кој одигра само три меча сезонава, а во претходните три растураше со голови и асистенции и броеше до 117, 130 и 119 поени, што е извонреден учинок.
Тампа сè уште има страшно квалитетен напад, а сега капитенот Стивен Стамкос е префрлен во вториот напаѓачки ред, што само покажува со каков капацитет и квалитет располгаат Грмотевиците.
И Ајландерс се топ-тим со хокеари што играат долго заедно, но Тампа Беј е поквалитетен тим и типуваме дека ќе победи.
Предлог тип: 1 (2.20)
8427 Кливленд кавалирс – Бостон селтикс (НБА, 01 часот)
Двете екипи завчера играа меѓу себе и во драматичен меч Кливленд славеше со 91:89. Кавалирс имаат одличен старт на сезоната со биланс 9-5, а, изненадувачки, играат одлична одбрана.
На последните три меча не им дозволуваа на противниците да им дадат повеќе од 97 поени, а и самите не успеваа да стигнат до 100-ка.
Ноќеска пак ќе бидат без трите големи адути, Секстон, Марканен и Лав, што е голем хендикеп.
Кај Бостон не игра Џејлен Браун, кој исто така е важен шраф во машинеријата на Келтите.
Двете екипи нема да сменат нешто драстично и пак очекуваме тесен меч со малку поени.
Предлог тип: <199.5 поени (1.91)
8428 Атланта хоукс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)
Атланта ја прекина серијата од шест порази по ред со голем триумф против шампионот Милвоки, и тоа со убедливи 20 поени разлика.
Хоукс се непријатно изненадување на стартот од сезоната со биланс од пет победи и девет порази и од нив се очекуваше да се борат за врвот во Источната конференција.
Квалитетот на Тре Јанг, потоа и на Богдановиќ, Капела, Колинс… најавуваше подобри резултати, но не е доцна со серија победи да се тргне кон горниот дел на табелата.
На гости им доаѓа фенерџијата Орландо, десеткуван со неколку повредени првотимци. И во подобрите времиња за Меџик губеа на гостувањата кај Атланта, па очекуваме победа на домаќините со поголема разлика од 9 поени.
Предлог тип: 1 со хендикеп од 8,5 поени (1.63)
1620 Њујорк никс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30 часот)
Њујорк има два порази по ред, а на гости им доаѓа ривал што има две победи по ред, но и кој често го победуваа дома во последно време.
Никс имаат три победи по ред против Индијана и се фаворити и за четворка во серија.
Гостите ќе играат без Ти-Џеј Ворен, кој одамна е повреден, а сега ќе го нема и одличниот дебитант Дуарте, што е хендикеп за гостите.
Кај Њујорк сите важни играчи се во редовите и типуваме дека ќе ја прекинат мини-серијата од два порази.
Предлог тип: 1 (1.81) Супер тип на Sport Life
8431 Оклахома сити тандер – Мајами хит (НБА, 02 часот)
Мајами има подобар тим од Оклахома, но ноќеска ќе им гостува без Џими Батлер и Маркус Морис и оддамна повредениот Виктор Оладипо.
Гостите двапати по ред убедливо ја победија Оклахома на гостувањата, но и Сити тандер сменија доста работи и играат подобро сезонава.
Домаќините претрпеа пораз од 24 поени разлика од Бруклин нетс на последниот меч и си прекинаа убава серија од 4 победи.
Ноќеска се аутсајдери бидејќи играат со тим што е еден од фаворитите за титулата, но нема да загубат со поголема разлика од 12 поени.
Предлог тип: 1 со хендикеп од 12.5 поени (1.64)