Моќна игра и прва европска радост сезонава за Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во ЕХФ Европската лига.

Тимот од Битола беше убедлив на гостувањето кај АЕК со 27:30, имајќи целосна резултатска контрола во текот на целиот натпревар.

Пелистер практично водеше од првиот напад, а грчкиот тим имаше само израмнување од 1:1.

Предноста од три разлика беше „набилдана“ по првите 30 минути, кога резултатот на семафорот стоеше 13:16.

Вториот дел беше чиста рутина, во којашто Битолчани умешно ја чуваа предноста.

Јосип Периќ постигнувајќи девет голови, беше најефикасен играч на оваа средба.

Пелистер по три одиграни кола во групата Д, има три бода и е на третото место.

Следната активност за Битолчани ќе биде на 23 овој месец, кога за опонент ќе ја имаат Татабања во салата „Боро Чурлевски“.

- Оглас -

Најнови вести