Полноќен експрес: Дуелот на последните два НБА-шампиони ќе биде „тежок“ минус

8589 Милвоки Бакс – Лос Анџелес лејкерс (01:30 часот)

Дуелот на последните два шампиони во НБА ќе биде најинтересниот меч од вечерашната НБА-програма.

Ќе беше многу поинтересно доколку Леброн Џејмс беше во составот, но тој уште закрепнува од повредата на абдоменот.

Од друга страна, тука е Јанис Адетокумбо, кој ќе се обиде да им ја донесе седмата победа на својот тим во оваа сезона.

Сепак, дефанзивата е главна одлика на двете екипи и се очекуваат мал број поени.

Предлог тип: – поени, 214.5 (1.88)

 

8512 Минесота тимбервулфс – Сакраменто кингс (02:00 часот)

Сакраменто игра над очекувањата во оваа сезона, а домаќинот, пак, сè уште не урфлил во втора брзина.

Карл Ентони Таунс и соиграчите се подготвени да покажат дека вредат, а за убава победничка серија потребна е победа вечерва.

Минесота има пет порази едноподруго на домашен терен, што значи дека е време да прекине ова негативна традиција.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

8511 Њујорк никс – Орландо меџик (01:30 часот)

Њујорк во својата арена „Медисон Сквер гарден“ е тешко победлив, а по полноќ му гостува Орландо, кој е еден од најслабите тимови во НБА.

Покрај тоа што Шарлот се фокусира на идните сезони, за вечерва под знак прашалник се неколку кошаркари, кои имаат ситни повреди.

Во комбинација со френетичната одбрана што ја играат домаќините, сосема е јасно што е нашиот предлог за овој меч.

Предлог тип: Т2 минус поени. 98.5 (1.86)

 

8510 Бруклин нетс – Кливленд кавалирс (01:30 часот)

Кевин Дурант и Џејмс Харден утринава имаа можност да ги проследат мајсториите на Стеф Кари, а вечерва, пак, ќе имаат можност да блеснат за својот тим против Кливленд.

Двајцата мајстори на кошарката по поразот од Голден стејт ворирорс, сега својата лутина ќе ја истурат врз Кливленд, кој е далеку под квалитетите на Голден стејт.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -10.5 (1.92)

 

8515 Портланд трејлблејзерс – Чикаго булс (04:00 часот)

И двата тима сезонава играат на кош повеќе.

Портланд, кој е предводен од одличниот Демијан Лилард, наспроти Зак Левин и Чикаго, кои одлично се засилија во преодниот рок.

Булси се едни од најинтересните тимови за следење во оваа сезона, а во Источната конференција се наоѓаат на одличното второ место, веднаш по Вашингтон визардс, кој игра неверојатно од почетокот на сезоната.

Предлог тип: + поени, 220.5 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести