Смртни закани за челниците на тим од Серија А, мора да почне да победува

Иако уште е првиот дел од сезоната во Серија А, навивачите на Болоња се многу лути. Тие се лути бидејќи нивниот омилен тим, по 15 одиграни меча има само 11 бодови и е во зоната за испаѓање. Во досегашниот дел од сезоната, Болоња победи само два пати, па на удар се најдоа челниците на клубот.

Навивачи на Болоња упатија застрашувачки пораки до извршниот директор Клаудио Фенучи, спортскиот директор Рикардо Бигон и главниот скаут Марко ди Вајо. Овие тројца челници на клубот во пораките добиваат и смртни закани.

Болоња последен пат победи на 30 септември против Удинезе, што значи дека еден и пол месец навивачите не се израдувале на триумф. Во ова коло, Болоња ќе биде домаќин на Милан, во меч со кој треба да се комплетира 16. коло во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести