Евентуален бараж со Шведска e супер можност да му покажеме на Дејан дека погреши со изборот на држава

Шведска е една од шесте репрезентации коишто се можни противници на Македонија во баражот за СП во Катар.

Викинзите, предводени од легендарниот Златан Ибрахимовиќ, се најдоа на носителската листа во баражот по добрите квалификации што ги одиграа.

Тие практично до последното коло беа во трка со Шпанија во групата Б, каде што со пораз токму од Црвената фурија останаа на 15 бодови и завршија како втори.

Сепак, најинтересниот дел од приказната е тоа дека за Шведска игра Дејан Кулушевски, кој пред неколку години бираше меѓу Македонија и оваа држава од Скандинавија.

Тешко е да се каже дали погреши со изборот бидејќи и двете селекции играа на последното Европско првенство, а сега се можни ривали и во баражот за СП.

Навистина би било убаво доколку ни се падне токму Шведска со Кулушевски, па да ја елиминираме.

Можеби Дејан, кој во моментов игра за Јувентус, и не е баш во најпосакуваната форма, ќе сфати дека погрешил со изборот на селекциите.

Како што е познато, ждребот за баражот за СП ќе се одржи на 26 ноември, а можни опоненти покрај Шведска, ни се: Италија, Португалија, Русија, Шкотска и Велс.

- Оглас -

Најнови вести