Судијата кој беше на терен на натпреварот Аргентина – Бразил, Андрес Куња, и неговиот соработник во ВАР-собата, Естебан Остојич, добија суспензии од КОНМЕБОЛ за лошо завршена работа на дербито од јужноамериканските квалификации за СП во Катар.
„Гревот“ кој им се припишува на арбитрите е што Николас Отаменди не доби исклучување за удирањето со лакт во лицето на Рафиња. Иако Бразилецот му покажуваше на судијата дека има крв, ниту главниот судија не реагираше, ниту доби сигнал од ВАР дека треба да види што се случило.
Рафиња беше шиен во пределот на устата, доби пет копчиња. Бразилците жестоко реагираа, сметаа дека и линискиот судија требало да види и да го алармира главниот судија, но Аргентина остана комплетна и мечот заврши 0-0.
Погледнете го фаулот на Отаменди кој не го видоа тие што требаше да го видат: