Челзи ќе оди на уште еден 7+ меч против Сервет

6763 Волфсбург – Јувентус (18.45 часот)

Ова е еден од пресудните натпревари во групата А од женската Лига на шампиони за пласман во следната фаза. Пред девет дена во Торино, Јуве и Волчиците ремизираа 2-2 (Старата дама се спаси од пораз во 91-ва минута), а по три кола, германскиот тим има еден бод предност. Волфсбург е фаворит, тие се тим кој дома не загубил осум месеци. Јуве во август против Барселона последен пат не даде гол на едно гостување.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.78)

 

6773 Челзи – Сервет (21.00 часот)

Тука нема дилема кој ќе победи, туку прашање е со колку голови разлика ќе биде англискиот тим, кој е лидер во групата А од женската ЛШ, а швајцарскиот тим по три кола, нема бод и гол-разликата им е 0-15. На 9 ноември во Женева, Сините од Лондон победија со 7-0, а головите ги дадоа до 50-та минута и ако сакаа, можеа без проблем да постигнат и 10 погодоци. Разликата во квалитет е огромна, секој пораз до 5-6 гола разлика може да се смета за поволен резултат за гостинките.

Предлог тип: 7+ (2.00)

 

6770 Реал Мадрид – ПСЖ (21.00 часот)

Да беа машките екипи, ова би било големо дерби, вака, изразит фаворит е францускиот тим, кој и пред девет дена во Париз покажа дека е посилен од Реал, кој е и некомплетен. Светиците тогаш победија со 4-0. Реал, кој пред две години го формираше својот женски тим, уште нема состав кој може да се бори за европскиот трон, но постепено напредуваат. Парижанките викендов беа разбиени од Лион со 1-6 и атмосферата во екипата не им е идеална.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.80)

 

8005 Баерн Минхен – Панатинаикос (20.30 часот)

Баварците имаат 4-6 по десет кола, а ПАО има само две победи и осум порази сезонава во Евролигата во кошарка. Според ова, Баерн е голем фаворит, нешто што би било незамисливо до пред некое време со оглед на реномето што го имаат двата клуба во европската кошарка. Баерн во март го совлада Панатинаикос со 76-71, со што прекина низа од четири порази во меѓусебните пресметки со повеќекратниот европски првак. Баерн никогаш не победил во Атина, но дома има одличен скор од 3-1 против Зелените детелинки.

Предлог тип: 1 & <152.5 (2.50)

 

8006 Реал Мадрид – Црвена ѕвезда (20.45 часот)

Реал има само два порази сезонава и одлично се држи на врвот заедно со Милано и Барса. Ѕвезда е на 4-6 и ова им е второ гостување во Шпанија неделава, Србите завчера беа поразени од Басконија со 19 поени разлика. Реал нема евролигашки пораз дома сезонава и ако одигра ефикасно како што знае, не би смеел да стравува дали ќе го совлада првакот на АБА-лигата. Интересно е што Црвено-белите победуваа на своите две последни гостувања во Мадрид, тие се традиционално незгоден противник за Кралскиот клуб и затоа можеби нема да загубат убедливо.

Предлог тип: X 2 -15.50 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести