Двојниот европски првак Вардар вечерва (18:45 часот) ќе гостува во Унгарија, каде што ќе ги одмери силите против унгарскиот гигант во рамките на седмото коло од Лигата на шампионите.
Црвено-црните и покрај тоа што се во серија од три порази, и за овој меч го немаат Жереми Тото поради сомнително отсуство.
Сепак, нашиот најдобар ракометен колектив е предводен од искусниот Тимур Дибиров, кој е на само три гола да ја надмине „илјадарката“.
Со тоа ќе влезе во друштво меѓу легендарните Кирил Лазаров и Микел Хансен.
На последните шест гостувања во градската сала во Сегедин, Вардар има две победи, но тие датираат од пред четири години.
ПИК е далеку поуспешен во последните две сезони, остварувајќи триумфи од 34:33, и тоа на почетокот од оваа година, како и 29:25 во 2019.
Вардар е во негативна серија од три едноподруго порази во групата А, иако останува впечатокот дека испушти триумф против Кил на домашен терен.
Македонскиот првак има пет бода и е на шестото место, додека денешниот опонент е на бројката од осум бодови и е четврти.