Трио премиерлигашки парови го отвораат новото коло на Спортска прогноза

Новото 14-то коло од Спортска прогноза се враќа со натпреварите од најсилните фудбалски лиги по репрезентативните активности, каде што никој не успеа да ги погоди сите 13 средби и да го добие прекрасниот „ајфон 12“.

Сепак, новата рунда носи и нова шанса да се освои овој прекрасен телефон, а почетокот на првите средби е стандардниот премерлигашки термин, сабота 16:00 часот.

Астон вила – Брајтон, Њукасл – Брентфорд и Барнли – Кристал палас се триото средби коишто се први на менито за типување.

Астон вила и Њукасл, кои доведоа нови тренери во репрезентативната пауза, се апсолутни фаворити, каде што во победа веруваат над 80 проценти, додека третиот меч од програмата се верува дека ќе заврши без победник (47,33%).

Како што е добро познато, треба да се погодат сите 13 натпревари од колото за да се освои прекрасниот „ајфон 12“.

Второпласираниот, пак, ќе освои ваучер од 1.000, а третиот ќе добие ваучер од 500 денари.

Првиот во генералниот пласман ќе добие Смарт ТВ со 48 инчен екран, вториот 500 илјади СЛ Маркет поени, третопласираниот 400 илјади СЛ Маркет поени, четвртопласираниот 300 илјади, а петтиот ќе освои 200 илјади СЛ Маркет поени.

Потребно ви е да имате СЛ картичка, која доколку сè уште ја немате, можете бесплатно да аплицирате и да ја подигнете од кое било уплатно место на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести