Барди и Леванте имаат план како да го „урнат“ Атлетик Билбао

1301 Леванте – Атлетик Билбао (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се враќа во одлична форма по репрезентативната пауза.

Нашиот играч од средината на теренот игра одлично по враќањето од повредата, а вечерва се надева дека ќе продолжи на исто ниво.

Леванте не игра баш најдобра сезона и е на претпоследното место само со шест бода, па затоа вечерва само победа е опција.

Предлог тип: 1 (3.50)

 

1701 Монако – Лил (Лига 1 Франција, 21:00 часот)

Според реномето и квалитетите што ги поседуваат, и двата тима играат разочарувачки во оваа сезона.

Монако, кој го има можеби и вториот најголем буџет сезонава, се наоѓа на 11-тото место, додека Лил, кој е актуелен првак на Франција, се наоѓа веднаш зад него со 16 бодови.

Тимот од Кнежевството игра добро пред своите навивачи и не знае за пораз веќе пет средби, додека Лил редовно дава голови на гостувањата.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.35)

 

1649 Јонг Ајакс – Волендам (Ерсте дивизије Холандија, 20:00 часот)

Навистина е тешко да се одбере еден натпревар од вечерашната богата понуда од втората холандска лига.

Но резервниот тим на Ајакс, идентично како и првиот, секој натпревар го игра на голем број голови.

Пред своите навивачи има просек од 4,3 погодоци по меч, а слично играат и гостите (3,5).

Затоа и вечерва очекуваме голеада на оваа средба.

Предлог тип: 4+ (1.93)

 

1801 Аугсбург – Баерн Минхен (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Нема дилеми кој е фаворит на овој натпревар.

Единствено непознато е со колку разлика ќе победи баварската машинерија и дали ќе го има расположениот Роберт Левандовски во својот тим.

Ќе биде мало чудо доколку Аугсбург успее да остане непоразен, но затоа и фудбалот е интересен.

Предлог тип: 2 & 0-4 гола (1.91)

 

1655 Мехелен – Клуб Бриж (Дивизија 1 Белгија, 20:45 часот)

Гостите се актуелни прваци на Белгија и играат во Лигата на шампионите. Сепак, во група со Манчестер сити и ПСЖ немаат реално што да бараат, иако на средбата против францускиот првак успеаја да извадат реми.

Во првенството не се толку убедливи како минатите сезони, но и покрај тоа, тие се фаворити број еден за одбрана на титулата.

Мехелен игра добро пред своите фанови и е меѓу првите екипи во овој шампионат, но се соочува со голем број повредени фудбалери.

Предлог тип: 2 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести