Лесна задача за Милвоки и Бруклин, во НХЛ ќе има две двојки

8001 Шарлот хорнетс – Индијана пејсерс (НБА, 01 часот)

Шарлот и Индијана си имаат убава традиција на меѓусебни дуели со многу кошеви и се очекиува да биде ефикасно и ноќеска во вториот дуел во новата сезона во НБА лигата.

Во драматичен дуел што беше премиера за двете екипи во овој циклус на натпревари во најдилната кошаркарска лига Шарлот ја победи Индијана со 123:122.

И претходниот меч им беше ултра-ефикасен, а го добија Пејсерс со 144:117.

И двете екипи се солидни, целта е да се игра во плејофот, а ние ќе типуваме дека ќе има и хет-трик со многу поени на нов меч меѓу Хорнетс и Пејсерс.

Предлог тип: >215.5 поени (1.94)

 

8477 Бруклин нетс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Пред десеттина дена Бруклин го декласира Орландо со 33 поени разлика, а и сега се очекува слично сценарио.

Домаќините се уште играат без Кајри Ирвинг, кој е суспендиран поради одбивањто да се вакцинира, но и без него Мрежичките се на врвот на табелата во Источната конференција со биланс од 11-5, колку што има и Мајами хит.

Кевин Дурант повторно игра во топ-форма, а Бруклин со него со Харден, Милс, Грифин, Олдрич… е пресилен за Меџик.

Предлог тип: 1 со хендикеп 10,5 поени (1.70)

 

8478 Милвоки бакс – Окалхома сити тандер (НБА, 02 часот)

Милвоки пред еден месец ја декласираше Оклахома со 130:110, а сега се разигра и Јанис Адетокумбо, па можна е и реприза на првиуот меѓусебен меч од оваа сезона.

Бакс имаат три победи по ред на домашен терен против Сити Тандер, а гостите се чини немаат квалитет достојно да му парираат на актуелниот шампион на НБА лигата.

Лоша вест за гостите е што Јанис игра се подобро, а во тимот на Милвоки се врати и Ол-стар бекот Крис Мидлтон, па гостите тешко ќе приредат подвиг во меч што според нас ќе има повеќе од 214 поени.

Предлог тип: 1&>214.5 поени (2.30)

 

8201 Сиетл кракен – Колорадо авеланш (НХЛ, 04 часот)

Новиот член на НХЛ лигата Сиетл веќе ги покажува првите знаци на криза во дебитантската сезона и моментно е во црна серија од пет порази на кои прими дури 24 гола.

Од нив послаби се само хокеарите од Аризона со само шест бода, а Сиетл е претпоследен со девет.

Колорадо разочара со скромниот старт и само 15 освоени бодови на 13 меча, но Авеланш сја поправија формата и имаат три победи по ред.

Иако гостите имаат доста проблеми со повреди на играчите, сепак се поквалитетни од Сиетл и типуваме дека ќе ја продолжат серијата победи.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

8447 Ванкувер канукс – Винипег џетс (НХЛ, 04 часот)

Ванкувер е во исклучително лоша форма и има голем пад пред канадското дерби со Винипег.

Ривалитетот не е преголем, но сепак постои, а гостите се фаворити. Канукс примија 26 гола на последните пет меча и сите ги загубија, па Џетс ќе се обидат да го искористат моментот и да освојат бодови за приклучок кон врвот во Западната конференција.

Гостите можат да бидат и нови лидери ако победат ноќеска, а моментно имаат дури 10 бода повеќе од Ванкувер.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

 

- Оглас -

Најнови вести