Монако и Лил одиграа 2-2 во првиот меч од 14-тото коло во француската лига.
Кнезовите имаа негатива од 0-2 после само девет минути игра, но успеаја да се опорават од шокот и на крај останаа непоразени, иако од 78-ма минута имаа и играч помалку, по црвениот картон на Павловиќ. Пет минути откако останаа со човек помалку, Бен Једер кој влезе во игра во 72-ра минута, даде убав гол, и го спаси Монако од пораз.
Лил е актуелен првак на Франција, а во моментов е само 12-ти на табелата, со скромни 4 победи и по пет порази и ремија во 14-те меча.
Ако е нешто позитивно за нив, тоа е што имаат млада ѕвезда во тимот. Џонатан Давид кој вечерва даде два гола, сезонава има вкупно 10, и е најдобар стрелец во топ 5 лигите во конкуренција на фудбалери родени 2000 година или помлади.
Ова е голот на Бен Једер:
GOAL: 83' AS Monaco 2-2 LOSC Lille (Wissam Ben Yedder)#ASMLOSC #Ligue1
Follow for more goals @ronaldmorgan_ pic.twitter.com/2KqMRhwTYD
— Ronald Morgan (@ronaldmorgan_) November 19, 2021