Леванте и Атлетик Билбао одиграа 0-0 во меч од шпанската лига, а според прикажаното од овие екипи сезонава, резултатот е и очекуван.
Баскијците кога гостуваат, тоа секогаш се неефикасни мечеви, Атлетик на седум гостувања има гол-разлика 4-3.
Леванте за кој Енис Барди беше стартер и играше 73 минути, уште не знае за победа, иако одиграа 14 меча. Тие се единствен тим без победа, а треба да ги загрижи податокот дека сите шпански тимови кои не победиле во првите 14 кола, испаѓале во втора лига.
Леванте дома има само една победа на последните 18 меча, а црната серија е 22 меча по ред без победа.