Десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело, успешно ја мина операцијата на десното колено, по што му следува пауза од неколку недели. Рехабилитацијта ќе ја започне од утре, а се очекува Португалецот да се врати на терените по зимската пауза во Серија А, односно кон крајот на јануари.
Кансело последен пат играше против Интер во големото дерби кое Јуве го доби со 1-0, но, го пропушти последниот меч од Лигата на шампиони, во кој италијанскиот првак претрпе пораз од Јанг бојс од 2-1. Денес секако нема да се појави во градското дерби против Торино, а до крајот на 2018 година ќе пропушти уште најмалку три натпревари во италијанскиот шампионат.
Дваесет и четиригодишниот бек од изминатото лето е член на „старата дама“, а за брзо се наметна кај Алегри и е редовен стартер. Сезонава настапи на вкупно 15 натпревари во Серија А и Лигата на шампиони, на кои забележа четири асистенции.